26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски по победата на Украина на Евровизија: „Европа доаѓа во Мариупол“

Зеленски по победата на Украина на Евровизија: „Европа доаѓа во Мариупол“

Украина победи со најголем број гласови

По победата на украинскиот оркестар Калуш на синоќешната Евровизија, претседателот на Украина Володимир Зеленски и се обрати на јавноста, велејќи дека следниот избор за песна на Евровизија ќе се одржи во градот Мариупол.

-Нашата храброст го импресионира светот, нашата музика ја освојува Европа! Наредната година Украина ќе биде домаќин на Евровизија. По трет пат во својата историја. И верувам – не е последен. Ќе дадеме се од себе еден ден да бидеме домаќини на учесниците и гостите на Евровизија во Мариупол, Украина. Слободно, мирно, обновено! Благодарност до сите што гласаа за нас. Сигурен сум дека нашата победа против непријателот не е далеку. Слава на Украина – се вели во соопштението на Зеленски.

Да потсетиме, претседателот Зеленски претходно пред финалната вечер на натпреварот за најдобра песна во Европа изјави дека победата на неговата земја на тој натпревар би била „симболична“ победа на Украина во војната (против Русија) и ги повика сите да гласаат.

Инаку, Украина беше „на листата“ на фаворити. Таа доби најмногу гласови од публиката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП