28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради еден изгубен телефон, Ворен Бафет ја донесе веројатно најдобрата инвестициска одлука

Поради еден изгубен телефон, Ворен Бафет ја донесе веројатно најдобрата инвестициска одлука

Ворен Бафет е легендарен инвеститор и извршен директор на Беркшир Хатавеј, кој е најголемиот поединечен акционер на Apple. Со текот на годините, тие инвестираа десетици милијарди долари во Apple, што се исплатеше повеќекратно, а нивниот удел во таа компанија сега вреди повеќе од 130 милијарди долари.

Ова е, се разбира, највредниот удел што Беркшир Хатавеј го има во своето портфолио и е особено интересна приказната што го натерала Бафет да направи голема инвестиција во компанијата основана од Стив Џобс. Се одлучил за инвестиција од милијарда долари поради – изгубен телефон.

Се чувствував како да сум изгубил дел од душата

Имено, пред шест години слушнал за несреќата на еден од директорите на БХ, Дејвид Готесман, кој го загубил својот iPhone во такси. Се чувствував како да сум изгубил дел од душата, му рекле тогаш колегите од Беркшир на Тед Вешлер.

Откако Вешлер му раскажал на Бафет за „страдањето на младиот Готесмен“ поради изгубениот iPhone, тој бил изненаден што некој во тие години можел да биде толку приврзан за неговиот уред, па решил да посвети повеќе внимание на Apple и дознал дека iPhone не е само обичен уред, туку дека претставува многу поголема вредност за луѓето. Гледајќи ги своите внуци и другите луѓе околу него, тој станал свесен за тоа колку луѓето се опседнати со нивните телефони и заклучил дека поради тоа, популарноста на iPhone ќе трае многу долго.

Претпоставил дека таа голема популарност на еден телефон и човечката опседнатост со него ќе му донесат на Apple големи пари. За Бафет и Беркшир Хатавеј можеме да кажеме дека останатото е историја. Во текот на следните неколку години, тие инвестираа 35 милијарди долари во Apple, што се покажа како фантастичен потег бидејќи вредноста на нивната инвестиција се зголеми повеќе од тројно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП