10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft за 5.44 милијарди купи дел на Nokia

Microsoft за 5.44 милијарди купи дел на Nokia

nokia-microsoft-

„Microsoft Corp.“ се согласи да го купи делот за производство на телефони на „Nokia“за 5,44 милијарди евра, па така финската компанија ќе излезе од бизнисот во кој некогаш доминираше.

Трансакцијата вклучува плаќање на 3.79 милијарди евра за делот за телефони на „Nokia“ и 1,65 милијарди евра за патенти, се вели во соопштението на компаниите.

Главниот Извршен директор на „Nokia“, Стивен Елоп ќе ја напушти функцијата и ќе се врати на работа во „Microsoft“.

Во јули „Nokia“ забележа 27 – процентен пад на продадени телефони за вториот квартал. Компанијата изгубила над 5 милијарди евра за девет квартали. „Nokia“ го контролираше најголемиот дел од пазарот на мобилни телефони до 2012-та година, кога беше претекнат од „Samsung Electronics Co.“. Според податоците на медиумите Елоп затвори над 20.000 работни места во компанијата и престана со исплатата на дивиденда во јануари, а тоа го стори во обид да се подобри финансиската состојба. Близу 32.000 вработени на „Nokia“ ќе бидат префрлени во „Microsoft“ како резултат на договорот, се вели во соопштението од двете компании.

Единицата за производство на мобилни уреди и услуги на „Nokia“ генерираше околу 50 проценти од нето продажбата на компанијата во 2012-та година во вредност од 15 милијарди евра.

Претседателот на „Nokia“, Ристо Сииласмаа ќе ја биде назначен за привремен главен Извршен директор на „Nokia“. Трансакцијата се очекува да биде финализирана во текот на првиот квартал на 2014-та година, откако ќе добие одобрување од страна на акционерите на „Nokia“ и на регулаторните тела.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП