Финскиот министер Пека Хависто повика на трпение и постепен пристап како одговор на отпорот на Турција кон членството на Финска и Шведска во НАТО, објави „Ројтерс“.
Претходно денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека не е можно Турција, членка на НАТО, позитивно да гледа на плановите на Шведска и Финска за пристапување во алијансата, велејќи дека двете земји се „како дом на терористички групи“, пренесе турската новинска агенција „Анадолија“.

