28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекорден број компании си поставуваат климатски цели

Рекорден број компании си поставуваат климатски цели

Рекорден број компании се посветени на намалување на емисиите на јаглерод диоксид, се вели во извештајот на ОН, цитиран од „ВВС“.

Но, компаниите во Азија, Африка и Латинска Америка заостануваат зад оние во Европа, САД и Јапонија кога станува збор за климатските обврски, велат истражувачите.

Некои отворено се сомневаат дека нафтените компании ќе можат да ги исполнат намалувањата на јаглеродот што ги ветија.

Иницијативата за јаглеродна цел базирана врз науката, поддржана од ОН, признава дека повеќе од 2.000 компании во 70 земји со вкупна пазарна капитализација од 38 трилиони американски долари, кои работат во 15 различни индустрии, веќе презеле конкретни обврски за борба против климатските промени.

Авторите на извештајот велат дека во најзагадувачките сектори кон иницијативата се приклучила „критична маса“ компании или 27%.

Тие веруваат дека ова може да биде позитивна пресвртница, бидејќи загадувачките гиганти влијаат на активностите на целиот синџир на снабдување.

Повеќе од половина од целните компании се во богатите земји од Г-7, но има и учесници од Кина, Индија, Бразил, Јужна Кореја и Јужна Африка.

Канада и Италија заостануваат, а на Африка и на Азија им требаат повеќе учесници, се вели во извештајот.

Околу 80% од целите одобрени од компаниите во 2021-ва година се во согласност со реперот за ограничување на порастот на глобалната температура до 1,5 °C над прединдустриската ера.

Сепак, има научници кои повикуваат на претпазливост во однос на целите на нафтените компании.

Тинк-тенк компанијата „Carbon Tracker“ вели дека компаниите за нафта и гас ги засноваат своите цели за емисиите или на продажба на загадувачки средства или на недокажани или контроверзни технологии.

Тие вклучуваат зафаќање и складирање на јаглерод или разни компензации, вклучително и садење дрвја и други. „Carbon Tracker“ тврди дека инвеститорите треба да се запрашаат дали целите на компанијата не се само амбициозни, туку и веродостојни. „Технологиите за ублажување на емисиите претставуваат огромен ризик за инвеститорите и климата, бидејќи повеќето се во рана фаза на развој, а решенијата кои вклучуваат садење дрвја бараат огромни површини земја. Трошоците ќе бидат огромни и не е јасно дали ќе бидат технички изводливи или економски исплатливи“, изјави Мајк Кофин од „Carbon Tracker“ за „ВВС“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП