Нафтениот пазар од утрово бележи раст. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 109 долари, за разлика од вчера, кога цената беше 105 долари. Цената на барел нафта на американскиот пазар изнесува 107 долари за барел, што е раст од околу 2 отсто во однос на вчерашниот ден.
Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 30.700 долари, што е зголемување во однос на вчерашниот ден кога неговата вредност изнесуваше 27.000 долари. Другите криптовалути се исто така во зелено.

