29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа Волстрит избришани повеќе од 7 трилиони долари оваа година

На Волстрит избришани повеќе од 7 трилиони долари оваа година

Во 2022 година, на Волстрит беа збришани повеќе од 7,0 трилиони долари од пазарната вредност на најликвидните акции во кошничката на индексот S&P 500.

Индексот падна за речиси 18 отсто од крајот на декември минатата година, откако во четвртокот ослабна за 0,1 отсто, што значи загуба на вредноста од 20 отсто, пренесува CNN.

Индустрискиот индекс Dow Jones, кој вчера падна за околу 104 поени или 0,3 отсто, оваа година е намален за повеќе од 13 отсто.

Најмногу настрадаа технолошките акции во кошничката на индексот Nasdaq, кои и покрај благото закрепнување во четвртокот, годинава влегоа длабоко на територијата на мечкиниот пазар со пад од 27 отсто.

Скоро 3,0 трилиони долари од расчистената пазарна капитализација на акциите во кошничката S&P 500 доаѓаат од компании во технолошкиот сектор.

Акциите на технолошките лидери Епл, Мајкрософт, Амазон, сопственикот на Гугл, Алфабет, матичната компанија на Фејсбук Мета платформи и Тесла се во минус, но најголемиот губитник во овогодинешниот S&P 500 е Нетфликс, кој падна за повеќе од 70 отсто.

Овој брз пад предизвика аларм и ги засили стравувањата дека економијата на САД би можела да го изгуби импулсот по силното закрепнување од длабоката, но кратка рецесија предизвикана од пандемијата.

Според истражувачката компанија Bispouk Investment, Nasdaq падна за повеќе од 20 отсто во последните 30 трговски дена. Падот се случи само 11 пати во минатото, при што девет беа „поврзани со рецесијата“, велат аналитичарите на Биспук.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП