6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија отворено и се закани на Финска со воена одмазда

Русија отворено и се закани на Финска со воена одмазда

Русија ќе биде принудена да дејствува како одговор на одлуката на Финска да се приклучи на воената алијанса на НАТО, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

„Влезот на Финска во НАТО е радикална промена во надворешната политика на земјата“, се вели во соопштението на руското министерство.

„Русија ќе биде принудена да преземе одмазднички чекори, и воено-технички и од различна природа, за да ги запре заканите за нејзината национална безбедност.

„Ниту руските уверувања дека нема непријателски намери кон Финска, ниту долгата историја на добрососедска и заемно корисна соработка меѓу нашите земји не го убедија Хелсинки во придобивките од одржувањето на политиката на воено неврзување“, се вели во соопштението.

Руското министерство посочува дека целта на НАТО е да продолжи да се шири кон границите на Русија. „Хелсинки мора да биде свесен за одговорноста и последиците од таквиот потег.

Тие наведуваат и дека влезот на Финска во НАТО ќе предизвика сериозна штета на билатералните руско-фински односи и дека соодветно ќе реагира.

Да потсетиме, финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин во четвртокот во заедничка изјава објавија дека Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одлагање.

„Финска мора да аплицира за членство во НАТО без одлагање“, рекоа Ниинисто и Марин.

Ова е голема промена во политиката поттикната од руската инвазија на Украина.

Руската инвазија на Украина ги турна Финска и Шведска на работ да аплицираат за членство во НАТО и се откажаа од верувањето кое постои со децении дека мирот најдобро се одржува доколку не бидат јавно избрани страни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП