23 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАКонечно доаѓа „Nokia“ премиум телефон, наречен „Nokia N73“?

Конечно доаѓа „Nokia“ премиум телефон, наречен „Nokia N73“?

Компанијата „HMD Global“, која ги произведува телефоните на „Nokia“, веќе некое време не произведува водечки телефон под брендот „Nokia“.

Компанијата дури пред извесно време изјави дека не планира да произведува „Nokia“ телефони од високата класа во блиска иднина. Сепак, сега еден извештај сугерира дека компанијата сè уште работи на премиум уред.

Кинескиот портал „CNMO“ наведува дека „HMD Global“ работи на премиум телефон на „Nokia“ кој ќе се вика „Nokia N73“. Многу корисници се сеќаваат на легендарната „Nokia N73“ од 2006-та година, па ова може да биде уште еден начин „HMD Global“ да ја заинтересира јавноста за водечкиот телефон, кој ќе биде именуван како еден од легендарните телефони на „Nokia“.

Овој телефон се појави на концептните рендери. Тие ни откриваат дека телефонот има заоблен екран и дури 5 камери на задната страна. Камерите се во интересен исечок кој се чини дека е споен на десната страна на телефонот. Во овој исечок има и двоен „LED“ блиц.

Во извештајот се наведува дека главниот сензор на камерата би можел да биде 200MP „ISOCELL HP1“ на „Samsung“. Од страна на „Samsung“ овој сензор за камера беше претставен минатата година, но сè уште не дебитирал на паметен телефон. Тоа е сензор што ја користи целосно новата технологија за спојување на пиксели „ChameleonCell“ која користи распоред два по два, четири на четири или целосен распоред на пиксели, во зависност од околината. Овој сензор за камера е способен да снима 8K видео со 30 фрејмови.

„HMD Global“ го претстави својот најнов предводник на „Nokia“ телефон на почетокот на 2019-та година. Потоа беше претставен „Nokia 9 PureView“. Тој телефон, меѓу другото, доаѓа со чип „Qualcomm Snapdragon 845“, „OLED“ екран од 5,99 инчи, пет камери на задната страна и батерија од 3.320 mAh со поддршка за брзо полнење од 18 W.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП