19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТБританија ќе ги брани Шведска и Финска „ако бидат нападнати“

Британија ќе ги брани Шведска и Финска „ако бидат нападнати“

Британскиот премиер Борис Џонсон денеска во Хелсинки објави дека договорил нови договори со Шведска и Финска со цел зајакнување на европската безбедност, ветувајќи дека ќе ги поддржи вооружените сили на двете земји „доколку бидат нападнати“. „Заедничката декларација значи дека во случај на катастрофа или ако некој од нас биде нападнат, ќе дојдеме на помош, а тоа вклучува и воена помош“, додаде Џонсон, пренесува Ројтерс.

Британскиот премиер изјави дека НАТО е одбранбен сојуз и не претставува закана за ниту една друга земја, во време кога Шведска и Финска размислуваат да се приклучат на алијансата.

„НАТО е одбранбен сојуз. НАТО не претставува закана за никого. Тој е таму за заедничка одбрана“, рече Џонсон на заедничката прес-конференција со финскиот претседател Саули Нинист во Хелсинки, пренесе Ројтерс.

Нинисто рече дека руската инвазија на Украина ја „промени сликата“ и ја „натера“ Финска да „размисли за својата безбедност”. „Русија покажа дека е подготвена да нападне соседна земја”, рече тој, додавајќи дека резултатот е тоа што Финска сега размислува за влез во НАТО.„Вие го предизвикавте ова. „Погледнете се во огледало“, рекол Нинисто, директно обраќајќи ѝ се на Русија, пренесуваат британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП