4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако до евтино маркетинг промовирање на вашата компанија?

Како до евтино маркетинг промовирање на вашата компанија?

evtinomarketingpromoviranje1

Малите компании трошат многу време и пари на промоции кои не носат профит.

Без разлика дали тие даваат спонзорства, реклами во весници или социјални медиуми, се трошат пари на маркетинг стратегии кои ги прават познати ѕвезди локално, но не носат продажба.

Претприемачите, посебно оние чијашто таргет група е лоцирана локално, треба прво да се фокусираат на поврзувањето со други бизниси во нивната околина, со училишта и други организации. Тие треба да формираат маркетинг стратегфии и настани од кои сите ќе имаат корист.

Еве неколку маркетинг идеи кои треба да ги земете во предвид пред да дадете многу пари за рекламирање.

1. Ракувајте се и давајте визит картички

Ова е неверојатна алатка за поврзување која станува се попопуларна во последно време, а тоа е среќавање луѓе. Без разлика дали сте сопственик на бизнис, или генерален менаџер поставете си цел да се преставите на најмалку 5 луѓе неделно. Вие може да одите да пазарите и да се преставите давајќи бизнис картичка. Од 250 луѓе кои ќе ги запознаете годишно, најверојатно е дека 185 барем еднаш ќе бидат Ваши потрошувачи, а 50 редовни клиенти. Ова е значаен број кој сте го постигнале без голем напор и без никакви финасии.

2. Промовирајте се во сродните компании.

Време е да си помогнете меѓусебно со другите сродни компании. Понудете решение за нешто што другиот бизнис го нема. На тој начин вие ќе ја рекламирате Вашата компанија, а сродната компанија ќе ги насочи клиентите и ќе најде решение за нивниот одмор.

3. Давајте VIP картички.

Убаво е кога ќе им дадете на Вашите клиенти ВИП картички кои ќе можат да ги искористат секогаш кога ќе дојдат кај вас, или бар во наредните 30 до 60 дена. На овој начин се создава лојалност кон Вашиот бренд.

4. Додадете дополнителна вредност на производот или услугата

На секој му се случува да биде дел од посебен настан кога треба да понуди производ или услуга на повеќе луѓе истовремно. На пример, вие имате ресторан и задолжени сте за кетерингот за 200 гости. Или пак, сопственици сте на продавница за маици и треба да испорачате 50 маици за некој настан. Треба да размислите дека секој од овие луѓе може да биде и Ваш индивидуален потрошувач. Затоа можеби треба да размислите да доделите купони за попуст на секој од нив. Многу е голема веројатноста дека една половина од сите оние кои сте ги услужиле не биле Ваши корисници, а по овој настан поттикнати од попустот ќе бидат Ваши идни клиенти, а со тоа ќе ги зголемите Вашите приходи.

5. Поддржете настани за собирање средства.

Треба да размислите да поддржите тивка аукција за собирање средства за некој хуман настан. На тој настан ќе има повеќе луѓе кои ќе го видат логото на Вашата компанија и ќе го купат ваучерот кој вие сте го донирале, а на тој начин Вашата компанија ќе стане позната по социјалната одговорност која ја покажала. Ова секако дека ќе ви донесе дополнителни клиенти и профит.

Овие стратегии не одземаат многу време, чинат многу малку, но генерираат иден профит.

Иако и овие стратегии чинат, сепак ризикот дека оваа инвестиција нема да ви се исплати е навистина мал, бидејќи луѓето ќе се појават и ќе купат нешто за да заштедат. А кога ќе видат дека вие нудите одлични услуги и производи тие повторно ќе се вратат кај вас.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП