Софтверскиот магнат и голем донатор на Светската здравствена организација, Бил Гејтс, вели дека е позитивен на корона вирусот.
Ко-основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, во вторникот потврди дека бил тестиран на вирусот Ковид-19 и дека резултатот е позитивен и дека ќе биде изолиран додека не закрепне.
Објавата следеше додека Гејтс ја подготвуваше својата фондација да се залага за повеќе мерки за превенција од пандемијата, а објави и книга на оваа тема, пренесува RT.
„Резултатот од тестот за корона е позитивен. Имам благи симптоми и ги следам советите на експертите со тоа што се изолирам додека повторно не бидам здрав“, напиша Гејтс на Твитер во вторникот, додавајќи: „Среќен сум што сум вакциниран и имам пристап до тестирање и одлична медицинска нега“, напиша тој.