20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Mercedes-Benz“ се откажува од некои од своите масовни модели

„Mercedes-Benz“ се откажува од некои од своите масовни модели

Германскиот производител „Mercedes-Benz“ има намера да ги напушти повеќето модели на основно ниво, со цел да ја оптимизира својата гама. Ова најверојатно ќе влијае на целото семејство од „А-Class“, со исклучок на кросоверот „GLA“, според британското издание „Autocar“.

За време на состанокот на лидерите на автомобилската индустрија „Financial Times Future of the Car“, извршниот директор на компанијата Ола Калениус најави дека ова прашање ќе се разговара следната недела. Од неговите зборови е јасно дека „Mercedes-Benz“ нема намера да се натпреварува со масовните производители, бидејќи „сака да гледа нагоре, а не надолу“.

Калениус не прецизира конкретни модели кои ќе бидат засегнати од промената на стратегијата, но веќе е познато дека семејството „А-Class“ го напушта американскиот пазар. Но најверојатно ќе остане само „GLA“, кој ќе биде почетна точка за палетата на производи на компанијата.

Ваквата одлука е изненадувачка, бидејќи во 2019-та година „Mercedes-Benz“ продаде 198.926 единици од „А-Class“ само во Европа. Поради пандемијата, продажбата падна на 118.439 во минатата година, но ова е сепак подобар резултат од „GLA“ – 75.124 примероци. Генерално, идејата на производителот од Штутгарт е да го намали бројот на хечбекови и седани во својата гама и да се фокусира на кросовери. И ова ветува други промени во гамата на една од најпопуларните автомобилски марки на планетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП