11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Expedia“ бележи раст на приходите од 80% поради поголемата побарувачка за одмор

„Expedia“ бележи раст на приходите од 80% поради поголемата побарувачка за одмор

Туристичкиот концерн „Expedia Group“ објави раст на приходите од 80% за првиот квартал, според аналитичарите. Тој исто така сугерираше дека очекува силна летна туристичка сезона по две години помала побарувачка поради пандемијата со Ковид-19, пишува „Bloomberg“.

Приходите на компанијата достигнаа 2,25 милијарди долари во првите три месеци од годината, според компанијата со седиште во Сиетл.

„Expedia“, која нуди резервации за традиционални одморалишта како што се хотели и краткорочни изнајмувања на својата платформа „Vrbo“, а исто така обезбедува пристап до цените на авиокомпании, хотели и изнајмување автомобили, објави 24,4 милијарди долари бруто од резервации, наспроти прогнозираните од аналитичарите 24,5 милијарди долари.

Според извршниот директор Питер Керн, кварталот бил обележан со два различни тренда.

„Имаше рано влијание на омикрон што остана од минатата година, кое ослабе, а побарувачката достигна нови височини од почетокот на Ковид-19. Иако војната во Украина одложува дел од закрепнувањето на Европа, ние, исто така, гледаме патувања и нови пикови од почетокот на пандемијата“, вели Керн.

Директорите на компаниите од туристичката индустрија се обложуваат дека ова лето ќе биде едно од најфреквентните досега, бидејќи потрошувачите, возбудени што ќе излезат од дома, ќе се упатат на одмор и потенцијално ќе одат понатаму, стигнувајќи до туристичките жаришта.

Некои знаци на силна побарувачка веќе се покажуваат во индустријата, а авиокомпаниите како „United Airlines Holdings“ го зголемуваат капацитетот на трансатлантските летови.

Цената на акцијата на „Expedia“ порасна за околу 4,2 отсто за време на тргувањето после работното време, откако сесијата заврши на 174,81 долари во Њујорк. Од почетокот на годината, акциите паднаа за 3,3%, наспроти 8,2% пад на „Airbnb“ и 8,6% на „Booking Holdings“.

Идејата за едно од најдобрите лета во историјата не беше на дневен ред на почетокот на годината, со оглед на ширењето на омикронската варијанта, која го достигна врвот во јануари, како и почетокот на војната во Украина еден месец подоцна.

Сепак, во интервју во февруари, Керн рече дека многу заразната верзија на Ковид-19 брзо исчезнала и компанијата можела да се прилагоди на новите предизвици.

Други раководители на индустријата велат дека војната во Украина не го променила однесувањето на потрошувачите надвор од регионот – позитивен сигнал дека туризмот во Западна Европа ќе остане силен ова лето. „Expedia“ генерира три четвртини од приходите од Соединетите Држави и е под помало влијание на Русија и Украина.

Гигантот пријави загуба од 47 центи по акција, без некои трошоци, додека аналитичарите предвидуваа загуба од 43 центи по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП