22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРуската економија се движи кон својата најостра контракција од 1990-тите

Руската економија се движи кон својата најостра контракција од 1990-тите

Русија се соочува со најострата економска контракција во речиси три децении, бидејќи се зголемува притисокот од санкциите наметнати од Соединетите Држави и нивните сојузници, според внатрешната прогноза на руското Министерство за финансии.

Бруто домашниот производ најверојатно ќе се намали за 12 отсто во оваа година, над падот од 8 отсто што го очекува Министерството за економија, објави „Bloomberg“, цитирајќи извори запознаени со проценките, кои зборуваа под услов да останат анонимни. Владата не објави јавна прогноза.

Податоците на Министерството за финансии се споредливи со превирањата од раните 1990-ти, кога руската економија од советската ера се префрли на капитализам со контракција невидена од војната.

„Главните негативности се нафтено ембарго, ЕУ се откажува од рускиот гас и повеќе отстапувања од меѓународните компании“, рече Наталија Лаврова, главен економист во финансиската групација „ВСЅ“ во Москва. „Сето ова веројатно постепено ќе се прошири, а многу негативни ќе се префрлат во 2023-та година“, додаде таа.

Без овие фактори, и само врз основа на сегашните санкции, се предвидува намалување од 10,8% во 2022-ра година и околу 5% во 2023-та година.

Руската централна банка на 29-ти април соопшти дека очекува економијата да се намали за меѓу 8% и 10% во оваа година. Прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд покажува пад од 8,5%, а анкетата на „Bloomberg“ меѓу економистите покажува средна контракција од 10,3%.

Доколку прогнозата на Министерството за финансии се покаже како точна, ќе избрише околу една деценија економски раст, коментира извор запознаен со прогнозите.

Неизвесноста околу изгледите останува многу висока бидејќи војната продолжува, а Соединетите Држави и нивните сојузници разговараат за дополнителни санкции, вклучително и за клучниот извоз, како што е нафтата, велат изворите.

Одделенијата за печат на министерствата за економија и за финансии не одговорија на барањата за коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП