12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЕксперт за говор на телото: Три работи во говорот на рускиот претседател,...

Експерт за говор на телото: Три работи во говорот на рускиот претседател, кои може да бидат знак на непријатност или болка

Во написите на медиумите во светот веќе подолго време се шпекулира дека рускиот претседател Владимир Путин е во лоша здравствена состојба. Шпекулациите за лошата здравствена состојба на рускиот претседател се зголемуваат од почетокот на руската инвазија на Украина, анализираат тие.

Според нивните процени, се претпоставува дека боледува од рак или од Паркинсонова болест, но официјална потврда за ниту едно од тврдењата нема. Сите очи беа вперени во неговиот вчерашен говор по воената парада во Москва на прославата на 77-годишнината од победата на Советскиот Сојуз над нацистичка Германија.

Потсетуваат дека Путин во еден момент од прославата, поради студот, се покрил со ќебе и се накашлал.

Мајк Картер, експерт за говор на телото, го гледал говорот на Путин и забележал три работи во односот на рускиот претседател, кои може да бидат знак на непријатност или болка. Картер кажал дека Путин дише многу плитко додека зборува.

„Го задржуваме здивот или дишеме на овој начин кога нешто физички или психички не е во ред“, изјавил Картер за „Мирор“.

„Неговото дишење беше многу плитко, што може да биде причина за некаква болка што ја трпи“, објаснил тој. Според Картер, лулањето на Путин напред-назад може да сигнализира анксиозност, но може да укаже и на здравствен проблем.

Тој исто така истакнал дека Путин стоел со раширени нозе во став на моќ, а таа положба, како што вели, може да го спречи да падне.

„Постојаното лулање може да биде здравствен проблем и тој е загрижен дека може да се преврти“, додал Картер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП