18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради Унгарија пропадна планот на ЕУ за руската нафта

Поради Унгарија пропадна планот на ЕУ за руската нафта

Унгарија ја повлече својата поддршка за забраната за увоз на руска нафта, дури и по разговорите меѓу Виктор Орбан и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Така, Брисел се откажа од плановите за забрана на транспортната индустрија на ЕУ да транспортира руска нафта „поради загриженоста на некои земји-членки за економското влијание на мерките“, објави Фајненшл тајмс.

Европската комисија го отфрли предлогот наменет за поморските прашања, кој беше воведен минатата недела по жестокото лобирање на Малта и Грција, изјавија неколку извори запознаени со преговорите.

Ситуацијата дополнително ја искомплицира Унгарија, која одбива да го поддржи ембаргото на руската нафта. Фон дер Лајен вчера се обиде да го убеди Орбан да го поддржи ембаргото, нудејќи му дополнително време и потенцијална финансиска поддршка.

Унгарија е меѓу земјите кои се надеваат на подолг транзициски период за воведување на забраната, а исто така бара финансиска поддршка од ЕУ за преминот од руските фосилни горива и инвестиции во алтернативна инфраструктура.

Будимпешта е вознемирена и затоа што ќе стане многу зависна од нафтата, која во случај на ембарго се пумпа преку нафтовод од Хрватска“, пишува ФТ.

Фон дер Лајен на Твитер објави дека нејзиниот разговор со Орбан бил „корисен за разјаснување на прашањата поврзани со санкциите и енергетската безбедност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП