28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВашингтон пост и Ројтерс добија Пулицерова награда

Вашингтон пост и Ројтерс добија Пулицерова награда

„Вашингтон пост“ денеска ја доби Пулицеровата награда за известување од јавен интерес за опсадата на американскиот Капитол од поддржувачите на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, додека Ројтерс победи во категоријата фотографии за известување за пандемијата на корона вирусот во Индија.

Украинските новинари добија специјална награда за известување за руската инвазија, изјави администраторката на Пулицеровата награда Марџори Милер, пренесе Ројтерс.

Според неа, овогодинешната награда за известување од јавен интерес отиде во рацете на „Вашингтон пост“ за убедливо раскажан и сликовито прикажан приказ на нападот врз Вашингтон на 6 јануари 2021 година, во кој на јавноста и достави „целосен и непоколебливо разбирање на еден од најтемните денови на земјата”.

Кога станува збор за фотографијата, тим од фотографи на Ројтерс ја доби Пулицеровата награда за придружна фотографија за покривање на пандемијата на корона вирусот во Индија.

„Мајами Хералд“ ја доби наградата за шокантна вест за известувањето за уривањето на висококатница во Њујорк кога загинаа 98 лица.

„Њујорк тајмс“ освои три Пулицерови награда за известување.

Пулицеровите награди ги доделува Универзитетот Колумбија во Њујорк, а секој победник добива диплома и награда од 10.000 американски долари.

Наградата ја востанови Џозеф Пулицер, унгарско-американски новинар и издавач, кој по неговата смрт во 1911 година, сиот свој имот го остави во аманет на Универзитетот Колумбија.

Првата Пулицерова награда е доделена на 4 јуни 1917 година и оттогаш традиционално се доделува секој април.

Победниците ги избира независна комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП