Дали сакате вашата линија да ја доведете до совршенство до летото, а притоа и следниот пат кога ќе отидете на лекар, тој да ве пофали дека вашата крвна слика е подобрена бидејќи значително сте го намалиле холестеролот? Ако навистина го сакате тоа, овој напиток е вистинската работа за вас:
Состојки:
1,5 л вода
3 китки листови од магдонос
1 кг лимони
Малку сода бикарбона
Подготовка:
Исчистете ги лимоните така што ќе ги истриете со сода бикарбона и оставете ги во ладна вода околу половина час.
Зовријте 1 л вода, оставете ја да се олади и исецкајте го лимонот и магдоност во водата.
Смесата ставете ја во сад во фрижидер 24 часа. Потоа изблендирајте ја смесата и чувајте ја на ладно. Секој ден консумирајте околу 100 мл од овој напиток, по можност на празен стомак.

Како делува:
Магдоносот содржи две групи на уникатни состојки: ароматични масла поради кои силно мириса и флавоноиди кои заеднички ги елиминираат токсините од телото.
Овој зачин ја стимулира циркулацијата на крвта, а кога ќе го додадете и лимоновиот сок ќе добиете делотворен напиток кој го намалува холестеролот многу брзо.