25 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија на 42. место во светот по „извоз“ на фудбалери

Македонија на 42. место во светот по „извоз“ на фудбалери

Фудбалска Македонија бележи значителен напредок во извозот на фудбалери. Како што објави фудбалскиот институт – ЦИЕС, во моментов 92 фудбалери си заминале од Македонија и направиле трансфер. Оваа бројка е зголемена за 32 од пред пет години, кога е правено последното истражување, и Македонија во моментов се наоѓа на 42.место во светот по извоз на фудбалери.

Бразил „редовно“ е на прво место во оваа категорија со 1219 играчи, потоа следуваат Франција (978), Аргентина (815), Англија (525).

Од најблиското опкружување, Хрватска има 400 фудбалери во странство, Србија 379, а БиХ 180. Пред нас се и Грција (115), Словенија (113) и Црна Гора (93).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП