18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКанада ќе биде енергетски партнер на Европа, но под еден услов

Канада ќе биде енергетски партнер на Европа, но под еден услов

Канада ќе биде добар енергетски партнер за Европа, но нема да ги игнорира климатските цели и енергетската транзиција, изјави канадскиот премиер Џастин Трудо при посетата на Украина.

Во март, Канада го претстави својот план за зелена трансформација за 2030-та година, кој ќе чини 9,1 милијарди канадски долари (7,3 милијарди американски долари). Долги години, земјата не ги исполни своите цели, но сега планира да ги намали емисиите на јаглерод за 40-45% од нивото од 2005-та година.

Нафтата и природниот гас се два од најзагадувачките сектори во Канада и сочинуваат 26% од вкупните емисии на јаглерод во земјата. За да се исполнат овие цели, канадската индустрија треба да преземе сериозни мерки.

„Канада е еден од најголемите светски производители на нафта и гас, но во исто време знаеме колку е важно брзо да се придвижиме кон транзиција кон јаглеродна неутралност“, рече канадскиот премиер во Киев, додавајќи дека Канада ќе биде добар партнер на Европа во енергетскиот сектор, но никогаш нема да ја одложи својата битка против климатските промени.

Канада е една од европските опции за алтернатива на руските фосилни горива. „Reuters“ објави дека владата е во преговори со шпанските „Repsol“ и „Pieridae Energy“ за потенцијалот за испорака на течен гас во Европа. Доколку оваа инфраструктура потоа се користи за снабдување со зелен водород, тоа би било во согласност со канадските климатски цели, додава агенцијата.

За време на брифингот по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, Џастин Трудо исто така коментираше дека Канада ќе и обезбеди дополнително оружје на Украина и дека ја враќа својата дипломатска мисија во главниот град Киев. Двајцата учествуваа преку видео врска на состанокот на Г-7 со кој претседаваше германскиот канцелар Олаф Шолц. За време на заедничката прес-конференција со Зеленски, Трудо истакна дека Г-7 и целиот цивилизиран свет стојат зад Украина.

Лидерите на седумте најразвиени земји во светот ветија и воена и финансиска поддршка за Украина, како и нови санкции против Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП