Европската комисија сака да ја забрза транзицијата на зелената енергија и да ја намали зависноста на Унијата од рускиот увоз на енергија со тоа што ќе го олесни и ќе го забрза издавањето дозволи за проекти за зелена енергија. Ова е јасно од нацрт-документот виден од страна на „Reuters“.
Следната недела ЕК ќе претстави пакет мерки насочени кон намалување на зависноста од Русија во енергетскиот сектор. Тие вклучуваат зајакнување на обновливите извори на енергија, заштеда на енергија и зголемување на увозот на гас од алтернативни извори.
Како дел од пакетот, Комисијата ќе предложи правила со кои ќе се бара од земјите-членки да ги идентификуваат копнените и поморските области погодни за развој на проекти за зелена енергија, се вели во нацрт-документот.
Издавањето дозволи за проекти на овие територии не треба да трае повеќе од една година, а во исклучителни околности можно е да се продолжи за три месеци, велат од ЕК.
Сегашната шема предвидува двегодишно одобрување на проекти со можност за едногодишно продолжување. Проектите кои не се наоѓаат во посебни области ќе се придржуваат до овие правила.
Проектите за обновлива енергија обично често се одложуваат поради корупција, локалниот отпор, загриженоста за животната средина и слично. Во Грција, на пример, вообичаениот рок за одобрување на проекти за ветерници е осум години, според Грчкото здружение за ветерна енергија.