28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУрсула фон дер Лајен и даде датум на Украина

Урсула фон дер Лајен и даде датум на Украина

Европската комисија следниот месец ќе одговори на прашањето за кандидатурата на Украина за членство во ЕУ, изјави Урсула фон дер Лајен.

Тоа е клучен чекор пред земјите-членки на Унијата да го преземат ова прашање, изјави во понеделникот Урсула фон дер Лајен.

Фон дер Лајен денеска изјави дека Европската комисија го чека вториот дел од прашалникот за пристапување во ЕУ од Украина, а одлуката за кандидатскиот статус ќе биде донесена во средината на јуни.

Фон дер Лајен разговараше со Зеленски за апликацијата на неговата земја за членство во ЕУ, по вчерашниот состанок на Г7, и чека „да добие одговори на прашалникот за членство додека Комисијата има намера да го даде своето мислење следниот јуни“, напиша таа. “Со нетрпение ги очекуваме одговориме на прашалникот за членство во ЕУ. Комисијата ќе го даде своето мислење во јуни“, се вели на Твитер.

Тоа значи дека Украина, чии територии беа нападнати од Русија пред повеќе од 70 дена, ќе добие конкретен одговор на барањето за членство во Европската унија, испратено по почетокот на војната во таа земја.

Од друга страна, не сите членки на ЕУ имаат јасен став за членството на Украина во ЕУ, а еден од аргументите што ги користат е дека во ЕУ не може да се влезе по краток пат, а земјите од Западен Балкан со години чекаат за членство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП