19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРускиот амбасадор во Полска испрскан со црвена боја(ВИДЕО)

Рускиот амбасадор во Полска испрскан со црвена боја(ВИДЕО)

Амбасадорот на Русија во Полска, Сергеј Андрејев, денеска бил нападнат додека се обидувал да положи цвеќе на воените меморијални гробишта на советските војници во Варшава, кога тој, неговата сопруга и група дипломати што го придружувале биле испрскани со црвена боја, пренесува ТАСС.

Амбасадорот не продолжил кон спомен-обележјето. Полицијата, која пристигнала на местото на настанот неколку минути подоцна, ги опколила дипломатите и им помогнала да стигнат до автомобилот.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова, изјави дека нападот врз рускиот амбасадор во Варшава го одразува курсот на Западот кон реинкарнација на фашизмот, пренесуваат медиумите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП