3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТМаск тврди дека Русите му се закануваат: "Ако умрам под мистериозни околности,...

Маск тврди дека Русите му се закануваат: “Ако умрам под мистериозни околности, ми беше убаво што ве познавам”

Милијардерот Илон Маск објави порака на Твитер дека Русите му се закануваат затоа што им овозможил на украинците со сателитите Старлинк да комуницираат.

„Ако умрам под мистериозни околности, ми беше убаво што ве познавам“, напиша Маск.

Синоќа Маск на Твитер објави изјава на Димитриј Рогозин, шефот на руската вселенска агенција Роскосмос, кој го обвини Маск дека е вклучен во „снабдување на фашистичките сили во Украина со воена комуникациска опрема“..

Во својата изјава, Рогозин ги нарече Азов и украинските војници „милитантни нацисти“.

„И за ова, Илон, ќе бидеш сметан за одговорен”.

Рогозин во пораката наведува дека Пентагон ја доставил опремата на Starlink.

„И за ова, Илон, ќе бидеш сметан за одговорен без разлика колку глупав се правиш“, напиша Рогозин на Телеграм.

Објавата на Маск ја коментираа бројни корисници на Твитер, меѓу кои и неговата мајка Маја Маск.

„Тоа не е смешно“, коментира мајката на Маск со неколку лути емотикони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП