28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција: Во Црно Море ќе има гас во следните 45 години

Турција: Во Црно Море ќе има гас во следните 45 години

Енергетските резерви во Црното Море се доволни за покривање на светската побарувачка за природен гас за 45 години, изјави заменик-претседателот на турската владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), поранешниот премиер Бинали Јилдирим.

„Резервите на природен гас во Црното Море се проценуваат на 540 милијарди кубни метри. Ова е само почеток, ќе има и продолжение. Црното Море е во состојба да ги покрие потребите за гас во светот за 45 години, изјави Јилдирим, а пренесува турскиот портал Сочу.

Во 2020 година турските власти објавија дека во Црното Море биле откриени големи резерви на гас.

Резервите на најголемото наоѓалиште Сакарија тогаш надминаа 400 милијарди кубни метри, пренесува ТАС С.

Турскиот министер за енергетика и природни ресурси Фатих Донмез во интервју за мајскиот магазин Критер изјави дека полето се планира да започне со работа на почетокот на 2023 година и дека дневното производство на гас ќе се зголеми на 40 милиони кубни метри.

„Имаме намера да започнеме со производство на гас, најверојатно во првиот квартал од следната година. Во почетната фаза производството на гас ќе биде 10 милиони кубни метри дневно, за три до четири години планираме да го зголемиме обемот на 40 милиони кубни метри дневно, односно да расте и годишниот обем на производство на гас“, рече министерот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП