20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕНароден лек за препородување на оргнизмот: Лечи анемија, чир на желудникот и...

Народен лек за препородување на оргнизмот: Лечи анемија, чир на желудникот и ја чисти крвта

Оревите се ризница на здравје, полни со антиоксиданси и хранливи материи, а лековитите својства на медот се многубројни!

Ореви во мед за подобра плодност и потенција

Оревот е природен афродизијак кој содржи витамини Б1 и Б2 кои му даваат енергија на телото и витални елементи кои се неопходни за развој на гонадите. Богат е со цинк, кој е важен за нормална сексуална активност и функцијата на простатата.

Има засилен ефект во комбинација со мед, кој исто така е богат со супстанции важни за репродуктивното здравје на мажите. Докажано е дека ниту еден фармацевтски препарат не може да се мери со оваа комбинација во однос на ефикасноста.

Измешајте мелени ореви во еднакви размери со костенов мед и јадете три лажици од смесата, 3 пати на ден.

За да се постигнат посакуваните ефекти, третманот треба да трае најмалку 20 до 30 дена. Оваа смеса е ефикасна и за висок крвен притисок и главоболки.

Мешавина за анемија

Надминете ја анемијата и исцрпеноста со оваа смеса.

Подгответе смеса од половина килограм ливадски мед, половина килограм мелени ореви и еден лимон.

Сè добро измешајте и земајте по една кафена лажичка на секои три до четири часа.

Млеко од орев против чир на желудникот

Млекото од орев е лек кој го поттикнува заздравувањето на чирот на желудникот.

За да го подготвите млекото, 20 грама мелени ореви прелијте ги со два децилитри зовриена вода.

Добро протресете, процедете и додадете голема лажица мед.

Земајте пет до шест лажички млеко од орев пред секој оброк.

Зелени ореви за тироидната жлезда

Младите зелени ореви се богати со главните градежни блокови на тироидните хормони – јод и тирозин. Клиничките испитувања потврдија дека маслото од зелен орев значително го зголемува нивото на тироксин.

Овој рецепт од зелени ореви е многу популарен во лекувањето на хипотироидизам на природен начин.

Измешајте мелени зелени ореви (со големина на лешници) во еднакви размери со мед.

Оставете на темно место 30 дена.

Земајте една кафена лажичка на ден.

Традиционална руска тинктура против сите видови тумори

Исечкајте 150 грама корен од валеријана, 50 грама морско оревче и 50 грама пупки од бреза, истурете половина литар вотка или ракија и додадете 150 грама лушпи од цели зелени ореви.

Оставете да отстои десет дена на темно место.

Земајте 15 капки тинктура во 1 dcl вода, три пати на ден, половина час пред јадење.

Чај направен од млади листови од орев за чистење на крвта

Чајот од млади листови од орев се користи како средство за чистење на крвта. Исто така е одличен лек против кожни болести, дијабетес и жолтица, хемороиди, паразити, гихт, а поради ниската содржина на натриум се препорачува и за болни од бубрези.

По берењето, листовите треба да се исушат.

Подгответе го чајот на следниов начин:

Две големи лажици суви листови прелијте ги со два dcl ладна вода и варете пет минути.

Оставете го покриено петнаесет минути и процедете.

Можете да пиете две до три шолји дневно.

Сируп од свежи млади листови од орев за здрава кожа

Потопете ја истата тежина на листовите и алкохолот и оставете да отстои 48 часа.

Додадете доволно мед за да направите густ сируп.

Земете една лажица пред јадење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП