29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекоја седма фирма во земајва не исплатила плата - 25.000 работници уште...

Секоја седма фирма во земајва не исплатила плата – 25.000 работници уште ја чекаат мартовската

Кризата и растот на минималната плата на 18.000 денари почнаа да го земаат данокт. Секоја седма фирма во земјава не исплатила плата за март или речиси околу 11.000 газди во земјава оставиле над 25.000 работници се уште да ја чекаат – покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

„За месец март 2022 година, со состојба на ден 03/05/2022 година вкупно 10.927 работодавачи имаат неплатени, неподнесени и неприфатени МПИН пресметки за вкупно 25.085 вработени“, велат од УЈП.

Од УЈП веќе доставиле опомени до нив, ќе ги чекаат до 13 мај, па ќе им ги блокираат сметките и ќе извршат присилна наплата.

„Управата за јавни приходи спроведува мерки за присилна наплата согласно своите законски овластувања регулирани во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и Законот за даночна постапка. За МПИН пресметките за месец март согласно чл.121 од ЗДП веќе се доставени опомени за плаќање на долгот по основ на МПИН. За сите оние работодавачи кај кои нема да бидат евидентирани уплати по доставените опомени, планирано е од ден 13/05/2022 год. да бидат доставени и решенија за присилна наплата од парични сретства (блокади) до деловните банки согласно чл. 142 од ЗДП.“, велат од УЈП.

Фирмите кои не исплатиле плата на вработените се од најразлични дејности. Има газди на ресторани и објекти за подготовка на храна, од трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун, транспортни фирми, фризерски и салони за разубавување, адвокати.

„Во однос на припадноста по дејности, Ве известуваме дека работодавачите доаѓаат од повеќе различни дејности, а најголем број се од следните дејности: ресторани и останати објекти за подготовка и послужување на храна, трговија на мало во неспецијализирани продавници претежно со храна, пијалоци и тутун, товарен и патен транспорт, фризерски салони и салони за разубавување, адвокатски дејности, оддржување и поправка на моторни возила“, одговорија од Управата.

За работодавачите пак тоа што над 25.000 работници се уште не зеле матровска плата е очекувано, со оглед на кризата и порастот на минималецот на 18.000 денари. Велат, драстично им се зголемени трошоците. И додека во време на претходните хризи имаше директни мерки за поддршка за бизнисот-велат сега ги нема. Очекуваат да расте бројот на компаниии кои набрзо ќе стават клуч на врата, но и на работниците кои ќе останат без работа.

„Имаме три до четири пати зголемување на цената на струјата, така што во март просечната цена што ние ја плативме беше 309 евра, а лани плаќавме 79 евра за еден киловат. Сигурно има одредено влијание високиот раст на минималната плата. Тука не стануваше збор за 2-3- 5 проценти туку стана збор за 28%”, вели Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи.

Според Димитров, фирмите се борат со високите цени на енергенсите и имаат проблем бидејќи ако ги вкалклулираат повисоките трошоци во цените на нивните производи, ќе нема кој да им ги купува ниту дома, ниту надвор. Велат нормално е компаниите да одат во стечај доколку се неликвидни, тоа е нормално во странство, но во земјава има мал број стечаи.

„Се надеваат дека доколку имаат одредени ненаплатени побарувања итн. дека ќе им наплатат ќе соберат пари за да исплатат плата. Но дел од тие компнаиии најверојатно во иднина ги чека затворање на компаниите, стечај и ликвидација. Таквите обврски за плати ќе учествуваат во стечајната постапка на тие компании“, вели Димитров.

Овие 25.000 работници на кои се уше не им легнала мартовската плата се дел од претходните податоци кои ги доби „Денар“ од УЈП, за тоа колку вработени во земјава не земале минимална плата во март. Податоците на УЈП тогаш покажаа дека 13.444 работници за март не го зеле законски загарантираниот минималец од 18.000 денари. Најголем дел од нив нив биле вработени во приватните фирми, а околу 2.000 работеле државно. Во моментов траат контролите и на трудовиот инспектоrат, но од таму велат дека со бројки дали и колку газди казниле ќе изlезат на крајот од овој месец.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП