28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски: Би прифатил мир ако Русите се вратат на нивните позиции од...

Зеленски: Би прифатил мир ако Русите се вратат на нивните позиции од 23 февруари

Москва верува дека може да изврши воени злосторства без казна поради статусот на нуклеарна сила, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тој посочи дека ќе прифати мировен договор ако Русите се вратат на нивните позиции од пред да започне инвазијата на неговата земја.

„Русите не веруваат дека можат да одговараат за воени злосторства, бидејќи ја имаат моќта на нуклеарна земја“, рече тој.

Запрашан за ситуацијата во Мариупол, Зеленски рече дека тоа „не е воена работа“, туку „мачење со глад“.

Тој за „бруталниот пристап“ на руската армија во Мариупол ја обвини децениската антиукраинска пропаганда.

„Ќе се формира воен суд за убиства, смртни случаи, тортура. Но зошто оваа суровост? Информативниот апарат е тој кој ја разви оваа омраза и ја подгреа до нивото кое се претвори во војна“, рече Зеленски.

Тој исто така посочи дека ќе го прифати мировниот договор според кој руските војници ќе се вратат на позициите што ги имаа пред почетокот на нивната инвазија на Украина на 24 февруари.

Запрашан од новинарите на Би-Би-Си која „минимална“ отстапка од Русите би ја прифатил за мир, Зеленски рече – „да се вратат таму каде што беа на 23 февруари“.

„Но, за тоа да се случи, неопходен е дипломатски дијалог. Што се однесува до нас, не се изгорени сите дипломатски мостови“, рече украинскиот претседател.

Зеленски не го спомна конкретно Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, но неговиот одговор сигнализира подготвеност да ја признае руската контрола над полуостровот на Црното Море како дел од мировниот договор, објави Би-Би-Си.

Исто така, не е јасно што би значело тоа за регионите Доњецк и Луганск во источна Украина, кои се под делумна контрола на проруските сепаратисти од 2014 година, додава Би-Би-Си.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП