27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIkea го забавува ширењето низ светот

Ikea го забавува ширењето низ светот

ikea3

Шведскиот производител на мебел „Ikea“ има намера да го забави темпото на ширење на продажни објекти низ светот.

„Компанијата поголемо внимание ќе посвети на квалитетот на постоечките објекти“, рече новиот извршен директор на компанијата, Петер Агнефјол за „Financial Times“.

Неговиот претходник на тоа место, Микаел Улсон,  постави една цел пред компанијата – да отвора 20 до 25 продажни објекти годишно. Според податоците на британскиот дневник, оваа година се отворени само пет нови продажни објекти.

Агнефјол смета дека растот на „Ikea“ треба да подразбира многу повеќе од обично просторно ширење. Тој изрази надеж дека продажбата на компанијата оваа година ќе порасне за 10 проценти, а до 2020 година ќе се удвои и ќе достигне до 50 милијарди евра.

Во 2012 година, приходите на „Ikea“ достигнале до 27,6 милијарди евра, а во 26 земји имало вкупно 298 продажни места. Во минатата финансиска година (од 1 септември 2011 до 31 август 2013 година) „Ikea“, според сопствените податоци, отворила 11 нови продавници во девет земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП