29 март, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИТ гигантите со иницијатива за укинување на лозинките

ИТ гигантите со иницијатива за укинување на лозинките

Apple, Google и Microsoft ги објавија плановите за проширување на поддршката за стандардот без лозинки, развиен од FIDO Alliance и World Wide Web Consortium.

Три гиганти од ИТ индустријата планираат да имплементираат најавување без лозинка за повеќе од нивните производи во текот на следните години, а тоа би требало да доведе до подобрена безбедност на онлајн сметките.

„Целосната транзиција кон свет без лозинка ќе започне со тоа што потрошувачите ќе го направат природен дел од нивниот живот. Секое одржливо решение мора да биде побезбедно, полесно и побрзо од лозинките и застарените методи за автентикација со повеќе фактори кои се користат денес. Работејќи заедно како заедница на различни платформи можеме да ја постигнеме оваа визија и да направиме значителен напредок кон елиминирање на лозинките. Гледаме светла иднина за акредитивите засновани на FIDO и во потрошувачки и во деловни сценарија и ќе продолжиме да градиме поддршка за сите апликации и услуги на Microsoft“, рече Алекс. Симонс, корпоративен потпретседател на Microsoft.

Иако веб-прелистувачите се подобрија во последниве години за да генерираат безбедни лозинки и да им помогнат на корисниците да ги чуваат лозинките синхронизирани со нивните уреди, премногу луѓе сè уште избираат да ги користат истите лозинки и се надеваат дека нивните сметки нема да бидат загрозени.

Со најновото соопштение, компаниите се обврзаа да им овозможат на корисниците автоматски пристап до FIDO креденцијалите за најавување на нивните уреди, без да мора повторно да ја регистрираат секоја сметка.

Дополнително, оние кои користат FIDO верификација за да се логираат на апликации или сајтови ќе можат да го сторат тоа преку мобилни уреди во близина, без оглед на оперативниот систем или прелистувачот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП