На социјалните мрежи се шират информации дека руски воен брод гори во Црното Море.
Иако информацијата не е независно потврдена, LiveUMap, кој ги следи конфликтите во Украина, објави дека гори руската фрегата Адмирал Макаров. Во тек е спасувачка акција, пишуваат оттаму. Авионите летаат над фрегатата, а во нејзина близина има неколку спасувачки бродови.

