28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОрбан: Унгарија не може да ги поддржи новите санкции на ЕУ против...

Орбан: Унгарија не може да ги поддржи новите санкции на ЕУ против Русија

Унгарија не може да го поддржи новиот пакет санкции на Европската унија против Русија во нејзината сегашна форма, вклучително и ембаргото за увоз на руска сурова нафта, изјави премиерот Виктор Орбан во петокот за државното радио.

Орбан рече дека сегашниот предлог на Европската комисија ќе биде „атомска бомба“ фрлена врз унгарската економија, додавајќи дека Унгарија е подготвена да преговара доколку види нов предлог што ќе ги задоволи унгарските интереси, пренесува Ројтерс.

Унгарија претходно го обвини Брисел дека со нејзините планови за воведување ембарго на увозот на руска нафта се заканува на единството на Европската унија, тврдејќи дека Будимпешта нема да поддржи предлози кои би ја поткопале нејзината енергетска безбедност.

Орбан во писмо до претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ѝ кажа дека Унгарија не е во можност да го поддржи најновиот план за санкции на ЕУ „во сегашната форма“.

„Доколку Комисијата инсистира да го усвои својот предлог, ќе мора да сноси целосна одговорност за историскиот неуспех за време на европската интеграција“, рече Орбан.

Дипломатите на ЕУ разговараат за плановите објавени оваа недела од Фон дер Лајен за постепено укинување на целосниот увоз на руска сурова или рафинирана нафта како дел од планираниот шести пакет санкции против Москва поради инвазијата на Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП