19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ72. ден војна во Украина: Продолжува гранатирањето на Азовстал - последното украинско...

72. ден војна во Украина: Продолжува гранатирањето на Азовстал – последното украинско упориште во Мариупол

ЕУ денеска разговара за шестиот пакет санкции против Москва

Претставниците на земјите-членки на ЕУ денеска ќе разговараат за новиот пакет санкции за Москва.

На дневен ред за денеска е расправа за шестиот пакет санкции и за состојбите околу прехрамбената безбедност..

САД: Ќе ги штитиме Шведска и Финска додека не влезат во НАТО

САД се убедени дека можат да ги решат сите безбедносни проблеми што би можеле да ги имаат Шведска и Финска во периодот меѓу поднесувањето барање за членство во НАТО и пристапувањето во таа алијанса, соопшти Белата куќа.

„Убедени сме дека можеме да најдеме начини да ги решиме сите проблеми што би можела да ги има која било од овие две земји во периодот меѓу барањето за членство во НАТО и формалниот пристап кон оваа организација“, рече на конференцијата портпаролката на Белата куќа Џен Псаки, пренесува Ројтерс.

Од вчера од Мариупол се евакуирани над 500 луѓе

Речиси 500 луѓе се евакуирани во заедничка операција на ОН и Црвениот крст од Азовстал, Мариупол и околните области, објави на Твитер генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Евакуацијата ја извршија два хуманитарни конвои.

„Се надевам дека континуираната координација со Москва и Киев ќе овозможи повеќе прекини на огнот за да се овозможи безбедно минување на цивилите“, најави Гутереш.

Последниот извештај од Луганск и Доњецк

Украинската армија одби 11 руски напади врз регионите Доњецк и Луганск на истокот од земјата, соопшти утрово Генералштабот.

Според брифингот, руските војници продолжуваат со блокадата на Азовстал, а руските војници истовремено ги зајакнуваат одбранбените системи на теренот и продолжуваат со прегрупирање. Според Би-Би-Си, украинските војници се соочуваат со гранатирање во градот Лиман во близина на Доњецк.

Индија се вклучува во преговорите

Подлабоко вклучување на Индија во ситуацијата на украинскиот фронт е заклучокот од синоќешната средба на премиерот на таа земја Моди и францускиот претседател Емануел Макрон. Таа намера беше изразена и во заедничката изјава на двајцата државници. Со оваа средба со Макрон, Моди ја заврши својата европска турнеја.

САД им помогнаа на Украинците да ја потонат „Москва“ – или не?

Пентагон негираше дека и дал „конкретни информации за целта“ на украинската армија, што резултираше со потонување на Москва, гордоста на руската морнарица.

Ова вчера го соопшти Џон Кирби, портпарол на Пентагон. Претходно Украина објави дека ја потопила Москва со употреба на проектили од типот Нептун кон средината на минатиот месец.

Гранатирањето на Азовстал не престанува

Евакуацијата на цивилите од Мариупол континуирано трае од вчера, но, како што порача кабинетот на претседателот на Украина Зеленски, руското гранатирање на Азовстал не стивнува.

Жените и многу деца се уште се таму“, рече Зеленски во четвртокот навечер. ОН исто така повикуваат на евакуација од локацијата и нагласуваат дека многу цивили се уште се кријат во бункери. Според CNN, фабриката за челик во Мариупол е последното упориште на украинската армија на југот на земјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП