20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Турција се искачи на речиси 70 отсто во април

Инфлацијата во Турција се искачи на речиси 70 отсто во април

Годишната инфлација во Турција во април достигна ново највисоко ниво во последните 20 години, на 69,97%, објави „Reuters“. Војната во Украина и зголемената цена на енергенсите и суровините беа движечката сила зад брзиот пораст на цените.

На месечна основа, потрошувачките цени се зголемени за 7,25 отсто, покажуваат податоците на турскиот национален статистички институт. За споредба – прогнозите од медиумска анкета беа за раст од 6% во април, додека очекувањата за годишно ниво беа за резултат од 68%.

Зголемувањето на потрошувачките цени е предизвикано од растот од 105,9% во транспортниот сектор кој вклучува поскапи извори на енергија и растот од 89,1% кај цените на храната и безалкохолните пијалаци.

На месечно ниво најмногу поскапеле храната и безалкохолните пијалоци за 13,38%, а станбените објекти пораснале за 7,43%.

Во меѓувреме, производствената инфлација се зголеми од 115% во март на 121,8% во април 2022-ра година, нов максимум од март 1995-та година во услови на зголемени цени на енергенсите, прекини во снабдувањето и послабата лира. Цените растат насекаде: во рударството и вадењето камен (125,9%), во преработувачката индустрија (112,1%), во електричната енергија, гасот и климатизацијата (247,5%) и во водоснабдувањето (63,2%). Во однос на претходниот месец, продажните цени се зголемени за 7,7%.

По објавувањето на податоците, турската лира падна за 0,9%, при што еден американски долар се менува за 14,8525 турски лири.

Ценовните притисоци ги оптоваруваат домаќинствата само една година пред претстојните претседателски и парламентарни избори во Турција, кои би можеле да стават крај на долгогодишното владеење на актуелниот турски претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Се работи за зголемувањето на цените на храната и енергијата, како и за неверојатниот неуспех на монетарната политика во Турција – се работи за мизерниот и апсолутен неуспех на неконвенционалната монетарна политика на Ердоган“, рече Тимоти Еш, стратег во „Bluebay Asset Management“.

Претседателските избори, како и оние за нов парламент во Турција, ќе се одржат во јуни 2023-та година, а анкетите покажуваат дека поддршката за Ердоган опаѓа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП