19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Volkswagen“ ги распродаде сите свои електрични автомобили за 2022-ра

„Volkswagen“ ги распродаде сите свои електрични автомобили за 2022-ра

Фолксваген, вториот по големина производител на електрични возила во светот, има недостиг од автомобили за пазарите во Европа и САД, според Ројтерс. Сите залихи на дилерите се исцрпени, а проблем станува производството и испораката на нови автомобили, бидејќи фабриките не работат поради недостаток на делови.

Ова го потврди извршниот директор на концернот Херберт Дис. Тој призна дека „Volkswagen“ оваа година ги продаде сите свои електрични автомобили во Европа и во САД. Слична е ситуацијата и со две други марки во групацијата „VW“ – „Audi“ и „Skoda“.

„Постојаните прекини во синџирот на снабдување имаа негативно влијание врз глобалното производство. Ова не се однесува само на моделите „Volkswagen ID.3“ и „ID.4“, туку и на електричните возила на „Audi“ и „Skoda“, кои се многу барани во Европа“, изјави Дис за новинарите.

Шефот на „VW Group“ додаде дека само во првите 3 месеци од оваа година групацијата има продадено речиси 100.000 целосно електрични возила. Проблемите со транспортот и испораката на компоненти ќе го влошат недостигот, рече Дис, нагласувајќи дека европските и американските клиенти на марката, кои сега ги нарачуваат своите автомобили, нема да ги добијат до следната година.

Во средината на март, „Volkswagen“ најави принудно затворање на една од најголемите европски фабрики, онаа во Братислава. Причина се случувањата во Украина, поради кои компанијата не може да добива делови од украинските добавувачи. Подоцна, од истата причина, престанаа да работат речиси сите европски погони на концернот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП