Федералните резерви на САД ја зголемија каматната стапка за 0,50 процентни поени, што е најголемото еднократно зголемување на цената на парите од 2000 година, објави АП.
Во вторникот почна дводневната седница на ФЕД, а бидејќи инфлацијата во САД е на највисоко ниво во последните 40 години, речиси сите очекуваа вакво зголемување на каматните стапки.

