И покрај војната во Украина, има редовна трговија со гасот, бидејќи и Москва и Киев сакаат да заработат, но и западните земји, наведува „Геополитика“.
Рускиот гас за членките на ЕУ продолжува да поминува низ украинската гасоводна мрежа. Од 24 февруари, кога започна руската специјална операција во Украина, ЕУ и плати на Русија над 35 милијарди евра за купениот гас.
Според тврдењата на агенцијата „Блумберг“, Украина најмалку еден месец од почетокот на војната редовно наплаќала од Русија за трансфер на гас во европските земји.
Русија заработува од продажба на гас во Европа за да може да војува против Украина, а Украина заработува од плаќање на трансфери за да може да војува против Русија.
Европа, од друга страна, и плаќа на Русија за да може да ја продолжи војната против Украина и Германија да може да ја одржува својата индустрија, вклучително и за да може да профитира и финансиски да и помогне на Украина во војната против Русија.
Надвор од каква било логика на војна, протекуваат информации дека претставници на украинскиот гасен дистрибутер во САД и европските земји лобираат за делот од рускиот гас кој во Европа се транспортира преку германскиот гасовод Северен тек 1, да се пренасочи кон украинските гасоводи.
И, за сето тоа време – војната во Украина продолжува, наведува „Геополитика“.