17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗошто челичарницата во Мариупол е толку важна за Путин?

Зошто челичарницата во Мариупол е толку важна за Путин?

Во последните неколку денови Русија се подготвува да го прослави Денот на победата на 9-ти мај. На тој ден се слави победата над нацизмот, што за Владимир Путин има огромно симболично значење.

Шефот на McKenzie Intelligence, Форбс Мекензи, за Скај њуз ја коментираше ситуацијата со конфликтот во Украина.

Мекензи вели дека промената во тактиката на Русија е веќе видлива, директивата за блокирање на фабриката за челик Азовстал во Мариупол сега е заменета со постојано бомбардирање и планира да го преземе комплексот.

Украинскиот полк Азов, кој ја држи централата и нејзината екстремно десничарска ориентација, ќе му послужи на Путин, кој инсистира да се „денацифицира“ Украина.

„Ако успее, Путин ќе има добра приказна за неговиот говор на 9 мај“, рече Мекензи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП