17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКремљ: Путин нема да ѝ објави војна на Украина на 9 мај

Кремљ: Путин нема да ѝ објави војна на Украина на 9 мај

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека нема шанси рускиот претседател Владимир Путин да ѝ објави војна на Украина на 9 мај, Денот на победата, отфрлајќи ги таквите наводи како „глупости“.

Кога Си-ен-ен го праша на редовна онлајн-конференција какви се шансите Путин да објави војна на Денот на победата, Песков одговори: „Никој“, додавајќи „не, тоа е глупост“.

Песков ги отфрли обвинувањата дека Путин може да го искористи Денот на победата за да објави мобилизација во земјата, што ќе ѝ овозможи на владата не само да собере воени сили, туку и да ја стави економијата на воена основа, пренесува порталот „Денес“.

Аналитичарите и западните претставници претходно изјавија дека веруваат дека Путин сега официјално ќе објави војна на 9 мај, откако двомесечната инвазија на Украина ја нарече „специјална воена операција“.

Секоја година на 9 мај, Русија ја слави победата над нацистите во 1945 година и е еден од најважните празници во земјата. Се шпекулираше дека Путин се подготвува за важна изјава која може да варира од потенцијално директно објавување војна до објава на победа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП