27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на цената на недвижнините во Кина

Раст на цената на недвижнините во Кина

kinanedviznini1

Темпото на раст на цента на недвижнините во Кина забрза во август, откако одделни локални власти ја ублажија пазарната контрола, покажува студијата која беше објавена денес.

Просечната цена на новите недвижнини во 100-те најголеми кинески градови порасна на годишно ниво за 8,61 проценти на 10,442 јуани (1,700 долари) за метар квадратен, соопшти независната Кинеска академија за недвижности (ЦИА).

На месечно ниво, цената на недвижнините се зголемила за 0,92 проценти, што укажува на 15-ти последователен месец на нивниот раст.

Како што наведува ЦИА, забрзаниот раст на цената на недвижнините е последица од олабавувањето на пазарната контрола во одделни градови.

Цената на недвижнините е осетливо прашање во Кина, бидејќи домашните власти во изминатите три години се борат да го ограничат нејзиниот раст.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП