28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТДенот кога плачеа и стари и млади: 42 години од смртта на...

Денот кога плачеа и стари и млади: 42 години од смртта на Јосип Броз Тито

Јосип Броз Тито, југословенскиот комунистички револуционер, генерален секретар на Движењето на неврзаните и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, почина на 4 мај 1980 година.

Во меѓународната политика, Тито беше еден од најистакнатите поборници за мир и активен соживот, право на самоопределување и еднаквост меѓу народите.

Тој ја извади земјата од советскиот блок и беше лидер на Движењето на неврзаните. Беше почесен член на сите академии во Југославија и на многу во странство. Добитник е на Орден народен херој (три пати), Орден херој на социјалистичкиот труд, Орден на Ленин (СССР) и многу други домашни и странски одликувања. Тој ја доби наградата Нехру (Индија) во 1973 година за меѓународно разбирање.

Титовите говори, написи и други политичко-теориски трудови се објавени во повеќе изданија во СФРЈ и во странство.

На погребот на Јосип Броз Тито, во Белград на 8 мај, присуствуваа претставници на повеќе од 120 земји, како и претставници на повеќе од 200 партии во светот. Телевизискиот пренос на погребот беше преземен од телевизиски станици во повеќе од 40 земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП