5 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕПри проблеми со подочници употребете лимон и домати

При проблеми со подочници употребете лимон и домати

Голем број на луѓе имаат проблеми со значително видливите подочници, доколку и вие сте во таа група ви предлагаме да го пробате овој ефикасен природен рецепт, кој ќе ви помогне да ги отстраните.

За да ги намалите вреќичките под очите, пијте многу вода и започнете да спиете на грб.

Покрај тоа, пробајте уште еден одличен рецепт кој можете лесно да го направите. Од состојки потребни ви се: ½ лимон и 1 кришка домат.

Во сад исцедете сок од доматот и сок од лимонот и помешајте. Не се грижете за семките бидејќи смесата ќе ја нанесувате со памук.

При нанесувањето добро исчистете го лицето. Не тријте во пределот на очите туку нежно нанесете со еден потег. Оставете ја смесата да делува 15 минути, а потоа измијте ја со вода и нанесете хидратантна крема.

Лимонот содржи антиоксиданти и витамин Ц па ја осветлува кожата, а доматот е полн со антиоксиданти и витамините Б1, Б2, Б3, Б6 и А.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП