Елисејската палата објави соопштение во кое се наведува дека францускиот лидер Емануел Макрон, во разговор со неговиот руски колега Владимир Путин, уште еднаш ја подвлече „екстремната тежина на последиците од руската агресивна војна против Украина“ и го обнови своето барање за прекин на огнот.
Макрон изразил загриженост и за ситуацијата во Донбас и Мариупол и ја повикал Русија да дозволи продолжување на евакуацијата од фабриката Азовстал, соопшти кабинетот на францускиот претседател, пренесе Би-би-си.

