24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во светот расте

Инфлацијата во светот расте

Највисока инфлација од 284,40 отсто е забележана во Венецуела во март, потоа Либан со 208,13 и Турција со 61,14 отсто, објави порталот Трендинг Економикс.

Состојбата со недостигот на енергенси на светско ниво, кој настана како резултат на војната во Украина, забраната за увоз на енергенси од Русија, но и прекинот на извозот од Русија во земјите ширум светот, придонесе за остри скокови на инфлацијата во многу земји.

Според „Волстрит журнал“ минатата недела, инфлацијата во Русија би можела да надмине 20 отсто, додека во 2023 година се очекува да порасне за уште шест отсто.

Податоците на Трендинг Економикс покажуваат дека инфлацијата во март била најниска во Боливија, само 0,77 отсто, потоа Макао 1,07 отсто и Кина 1,50 отсто.

Кога станува збор за регионот, Македонија со 8,8 отсто во март беше подобра од Босна и Херцеговина, Бугарија и Романија, чија инфлација надмина 10 отсто, Србија со инфлација од 9,1 отсто и Црна Гора со 9 отсто, додека Албанија беше подобра со 5,7 и Хрватска со 7,3 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП