29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнституциите во долгови до гуша, лани должеле 393 милиони евра, или 81...

Институциите во долгови до гуша, лани должеле 393 милиони евра, или 81 милион повеќе од почетокот на годината

Држаните институции трупаат се поголеми долгови. Така на крајот на минатата година имале доспеани, а ненаплатени обврски од речиси 393 милиони евра, што е за 81 милион евра повеќе од почетокот на минатата година, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

Дека долговите растат покажуваат  податоците како се движеле по квартали. Или ако годината ја завршиле со 393 милиони евра долгови, претходниот квартал имале 62,3 милиони евра помалку или должеле 330,5 милиони евра, а на почетокот на годината 312 миолиони евра.

Според сумите најмногу должат јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост. Тие на крајот на минатата година имале 179,8 милиони евра доспеани, а ненаплатени обврски, или речиси половина од вкупниот долг бил кај нив. Она што е интересно е дека нивниот долг пораснал за 54,8 милиони евра во споредба со третиот квартал лани кога должеле 125 милиони евра. Следни на листата се општините со долг од 69,1 милион евра, или имале за 6,1 милион евра повеќе доспеани, а ненаплатени побарувања во однос на третот квартал лани кога имале долг од 63 милиони евра.

Потоа следуватат јавните здравствени установи кои годината ја завршија со доспеани, а ненаплатени обврски од 68 милиони евра или 5,7 милиони евра повеќе од третот квартал лани. Па следуваат општинските јавни претпријатија со долг од 59 милиони евра или 7 милиони евра повеќе од третиот квартал.

Она што покажуваат бројките е дека најголем дел од долгот на институциите е кон приватниот сектор, здруженија на граѓани и други непрофитни институции. Кон нив на крајот на минатата година имале доспеани, а ненаплатени обврски од 153,4 милиони евра, или за 9,2 милиони евра повеќе од третиот квартал лани кога им должеле 144,2 милиони евра, или за 18,4 милиони евра повеќе од почетокот на годината – во првиот квартал долгот кон нив бил 135 милиони евра.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП