3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканците најмногу инвестираат во Велика Британија

Американците најмногу инвестираат во Велика Британија

gb1

Велика Британија е прва на листата според бројот на финансиски придонеси од Американците, додека Канада е на второто место, а на третото место се Кајманските Острови на Карипското море, соопшти американското Министерство за финансии.

Американските инвеститори на крајот на 2012 година во Велика Британија инвестираа 1,129 милијарди долари финансиски средства, главно во акции, во вредност од 758 милијарди долари, а остатокот во краткорочни обврзници.

Во Канада, која се наоѓа на второто место, САД инвестирале 808 милијарди долари, а на Кајманските острови, еден од даночните рајови, 784 милијарди долари.

Јапонија е на четвртото место според висината на финасиските инвестиции од страна на САД со 521 милијарди долари, Франција е на петтата позиција со 375 милијарди долари.

Кина е дури на 17 место, а Русија на 28 место.

Вкупната вредност на инвестираните финансиски средства во странство во САД е зголемена за 16,9 проценти во периодот од декември 2011 до декември 2012 година, достигнувајќи вредност од 7,941 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП