20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ„Едно лансирање Борисe, и нема веќе Англија“(ВИДЕО)

„Едно лансирање Борисe, и нема веќе Англија“(ВИДЕО)

Руски телевизиски водител ја предупреди Британија дека Кремљ има моќ да ја погоди со нуклеарна ракета што „ќе ја удави еднаш засекогаш“.

Дмитриј Кисељов изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ги ставил нуклеарните сили на земјата во состојба на готовност по „зборовите на премиерот Борис Џонсон за одмазда против Русија“, објави Скај њуз.

„Што ќе се случи по одмаздничките зборови на Борис Џонсон? Генерално, тие изгледаат како да талкаат низ Британија. Зошто и се закануваат на огромната Русија со нуклеарно оружје кога тие се само мал остров“, рече Кисељов.

„Едно лансирање Борисе, и нема веќе Англија“, додаде тој.

За време на неговата презентација, рускиот лидер сподели и компјутерски генерирана графика на која се гледа лансирањето на ракетата Сатана 2 во Британија, која потоа исчезнува во компјутерска симулација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП