недела, 2 октомври 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТХрватска ги укина сите ограничувања за влез

Хрватска ги укина сите ограничувања за влез

И патниците од трети земји отсега ќе можат да патуваат во Хрватска без ковид сертификати или негативен тест.

Со тоа, како што потврдија од хрватското МВР од денеска повеќе не важат ограничувањата на границите што беа донесени за време на пандемијата на коронавирус.

„Важноста на Одлуката за привремено ограничување на преминувањето на граничните премини на Република Хрватска, која важеше до 30 април 2022 година, не е продолжена. Затоа, влезот во Република Хрватска е дозволен под условите за влез кои важеле пред епидемијата на Ковид-19, односно под условите пропишани со Шенгенскиот граничен кодекс, Законот за странци итн., но без исполнување на епидемиолошки услови “, соопштија тамошните власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП