29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајлошото допрва доаѓа? Мрачните прогнози на Бил Гејтс го загрижија целиот свет

Најлошото допрва доаѓа? Мрачните прогнози на Бил Гејтс го загрижија целиот свет

Милијардерот Бил Гејтс предупреди дека постои ризик „многу поголем од пет проценти“ дека светот сè уште не го видел најлошото од пандемијата на Ковид.

Милијардерот и технолошки магнат рече дека не сака да звучи „мрачно“, но предупреди дека постои ризик од создавање на „уште попренослива и уште пофатална“ варијанта, пренесува Daily Mail.

Тој рече дека ризикот од тоа да се случи е „многу над пет проценти“ и дека тоа би значело дека светот допрва треба да го види најлошото од пандемијата. Не е првпат да дава ваква прогноза.

Во декември 2021 година, тој ги предупреди своите милиони следбеници на Твитер да се подготват за најлошиот дел од пандемијата, бидејќи претходно во 2015 година предупреди дека светот не е подготвен за следната пандемија.

-Сè уште сме во опасност оваа пандемија да создаде варијанта што би била уште попренослива и уште пофатална. Малку е веројатно, не сакам да бидам гласот на несреќата и мракот, но ризикот е далеку над пет проценти, рече Гејтс.

Се проценува дека коронавирусот уби околу 6,2 милиони луѓе ширум светот од март 2020 година, но бројот на заразени случаи и смртни случаи се намалува во последните недели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП